„Утрово на состанокот на комисијата за заразни болести, разговаравме за дополнително за попуштање на мерките, пред се на мерките кои даваат забрана за работа на повеќе економски оператори“, рече министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција кој откри дека станува збор за казината, автомат клубовите и обложувалниците со апарати.
„До Владата доставивме препорака да се отворат казината, автомат клубовите и обложувалниците со апарати, да профункцинира јавниот превоз во Тетово, и кон крајот на оваа недела отворање на теретаните и фитнес центрите“, рече Филипче кој напомена дека сето тоа ќе биде по донесени мерки и протоколи.
