Екс вработените во компанијата Авто прогрес во Тетово денеска се собраа пред судот во Тетово за да дознаат што се случува со компанијата. Тие порано купиле акции од оваа компанија со цел истата да не оди во стечај. Авто Прогрес сега се продава, а тие не фигурираат како сопственици на акциите.
-Бев вработен во Авто прогрес до 2001. Бев до 2008 и во Регистарот во Скопје ми велат дека немам акции таму. Ние со другарите бевме 5 години. Ни велат немаме акции, продадени се, ние бараме но во судот не ни признаваат ништо“.
-Ние ги дадовме акциите да управуваат со нив и требаше да не водат, тоа беше Ќатип Бесими, а него никаде го нема“.
-20 години крадеа и крадеа и веќе не можат да крадат и на крајот заклучокот е дека компанијата вреди помалку отколку долговите. И долговите ние треба да ги платиме, 5 милиони и 600 илјади, дека сме ги украле. Кога фирмата оди во стечај, мене лично ме организираа, направивме список и 3 милиони евра вредност имаа во делот на резерви и готови производи. Сега тој дел треба да изнесува 30 милиони. Тие списоци ги имаат бидејќи мене ме ангажираа.
Агрон Арифи, стечаен директор, вели дека екс вработените го изгубиле правото на акции.
-Тие како акционери го изгубија правото на нивното барање од 2001, кога е почнат процесот на стечај. Сега им кажав дека доколку имотот се продаде над вредноста на капиталот, над обврските што ги имаат. Тогаш ќе го земам списокот на сите акционери и сите ќе бидат исплатени во проценти доколку вредноста на продажбата е повисока од обврските на автопрогрес“.
Авто прогрес беше компанија која имаше свое претставништво од италијанската компанија Фиат. Во оваа компанија освен разните репарации, се вршеше и сервис на автомобили. Во 2001 оваа компанија започна процес на стечај, а сега се продава дел по дел.
