Кому му смета измената на законот? – Реџепи вели: На тие кои имаат националистички проблеми

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернативите не го зема предвид мислењето дадено од Министерството за внатрешни работи за предлог-измените за Законот за државјанство. Координаторот на пратеничката група на албанската опозиција, Скендер Реџепи, вели дека тие  не побарале мислење од МВР, кој ја нарекува институција која веќе 3 децении игра со судбината на луѓето, негирајќи им го нормалниот живот.

ТВ21: Дали сметате дека може некому да пречи решавањето на овој 3 децениски проблем?

Скендер Реџепи: Дали сметате дека случајно овој проблем не е решен 3 децении!

ТВ21:Кому му смета?

Скендер Реџепи: На тие кои имаат ментален проблем од националистички, шовинистички аспект против Албанците, на тие кои настојуваат на сите прашања кои се во врска со албанско-македонските односи, било тоа еден поединец кој 3 децении живее во држава и ги оневозможува правата на државната, грижа кон него како државјанин на оваа земја.

Со оглед на тоа што за албанската опозиција мислењето на Министерството за внатрешни работи е ирелевантно, Реџепи очекува усогласувањето и постигнувањето консензус да бидат направени во Собранието, каде што се предлага законот. Овде ќе се види колку се реални ветувањата на Владата за „општество за сите“, додава пратеникот Реџепи

Скендер Реџепи: „Сметаме дека тие го политизираат секој член на овој предлог закон и ние воопшто не се занимаваме со предлогот на МВР, но ќе седнеме со сите релевантни фактори во Собрание и ќе го слушнеме нивното мислење“, .

ТВ21: Да за тоа зборував. Извинете…Доколку во Собрание дојде СДСМ со овие исти критики кои се на министерот Спасовски…

Скендер Реџепи: Ќе седнеме и ќе дискутираме.

ТВ21: Ќе дискутирате за наоѓање на заедничко решение?

Скендер Реџепи: И сега и претходно, секој политички субјект кој доаѓа со барања, било да се тие идентични, ние ги сметаме како барања на политичките субјекти, не на Министерството. 

Во своето мислење дадено на 28 декември 2020 година, МВР наведува дека нацрт-законот не дефинира јасно одредени аспекти, а го критикува добивањето државјанство со тројца сведоци, добивањето државјанство врз основа на брак, наследување државјанство од прва и втора генерација и добивање статус на државјанство со признавање на албанскиот јазик како службен.