Конечно проговори Насер Зибери – „Заев и Ахмети дебатираат за моделот за поделба на премиерската функција“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред неколку дена почнаа преговорите меѓу СДСМ и ДУИ за коалиција, но се уште нема никаков исход. Двете партии велат дека ги доближиле ставовите, но неофицијално се дознава дека барањето за премиер Албанец останува проблем во преговорите. И додека преговорите течат, кандидатот за премиер кој го предложија интегративците, Насер Зибери, продолжува со неговата професија како правник.  

Во интервју за ТВ21 вели дека не е директно вклучен во преговорите, бидејќи тие се одвиваат меѓу лидерите Заев – Ахмети, но вели дека е информиран за текот на преговорите директно од лидерот на ДУИ, Ахмети. Од тоа што го знае, Зибери вели дека во моментов преговорите меѓу Заев и Ахмети се околу моделот за тоа како ќе се подели премиерската позиција, со веќе зборуваните варијанти, 2 со 2 години, 3 со 1 или 1 со 3.

„Според информациите што ги имам, прашање на модел е, за кое партиите имаат различни гледишта и не е тајна дека тука станува збор за тоа кој прв ќе биде номиниран за формирање влада. За таа позиција, партиите изнесуваат аргументи зошто овој или тој треба да биде мандатар, итн..“, истакна Насер Зибери.

Освен ова, Зибери не потврдува дали Заев го прифатил или одбил барањето за премиер Албанец. Верува дека лидерот на ДУИ, Ахмети ќе изнајде најприфатлив модел извлекувајќи го најдоброто од тркалезната маса, затоа не сакаше ниту да коментира за тоа која поделба на моделот ќе биде најпотребна.

„Јас не кажувам уште од почетокот, ниту на крајот, ни вака ни онака, јас велам дека политичките партии треба да го направат најдоброто, никој да не се чувствува предаден или како губитник, но и никој да не се чувствува како победник, за да се зачуваат линиите на соработка, а тие линии ќе се зачуваат доколку се почитуваат интересите на двете страни и на прво место интересите на граѓаните“, посочи Насер Зибери.

На прашањето што мисли, дали СДСМ и ДУИ наоѓаат друго име за премиер Албанец, Зибери вели дека тоа не би било решение на проблемот и не би влијаело на волјата на граѓаните, чија доверба на 15 јули ја освоиле со номинираниот кандидат. Една таква замена, вели Зибери, би се доживеала како разочарување и измама од двете страни.