Премиерот на Италија, Џузепе Конта нагласи дека нови ограничувања ќе мора да воведе Владата за време на празничната сезона во обид да го спречи ширењето на коронавирусот и да се спречи трет бран пандемија.
Во интервју за Ла Стампа, Конте рече дека владата мора по секоја цена да го спречи третиот бран на пандемијата, што би било поразителен.
Италијанската Влада разгледува опции да воведе построги мерки против Ковид-19 на територијата на целата земја за време на Божиќните и новогодишните празници, откако маса луѓе пристигнаа во градовите овој викенд, а Рим само ги намали некои ограничувања воведени минатиот месец
Италија е европска земја со најголем број на смртни случаи од Ковид-19 – повеќе од 65.000 луѓе починаа од почетокот на пандемијата во февруари.
Премиерот додаде дека програмите за вакцинација ќе опфатат од 10 до 15 милиони луѓе, со цел да се постигне ефективно влијание врз имунитетот и дека таа цел ќе се постигне до крајот на пролетта или најдоцна до почетокот на летото.
