Алжирката Иман Келиф (25) ја победи Унгарката Ана Лука Амори (23) во категоријата до 66 килограми. Така таа се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри, што автоматски гарантира најмалку бронзен медал во бокс.
Алжирката доминираше во текот на сите три кола и на крајот победи убедливо со резултат 5:0. Иако ривалката во неколку наврати се обидуваше да и се спротивстави и да ја фрли на подот, сепак се заврши полошо за неа. Келиф секој пат ја вртеше ситуацијата и влегуваше во клинч со две години помладата Унгарка.
Кога судијата го прогласи победникот, алжирската боксерка пукна во солзи и отиде во својата соблекувална. Со својот триумф и пласманот во полуфиналето на натпреварувањето во француската престолнина, таа влезе во историјата на својата нација, бидејќи е првата боксерка од Алжир која успеала да се пласира меѓу четирите најдобри натпреварувачки.
- Јас се чуствувам добро. Ова е прв олимписки медал за Алжир во женски бокс. Јас сум многу среќна. Сакам да му се заблагодарам на целиот свет и на целиот арапски свет – изјави Келиф по дуелот.
Иман во полуфиналето на натпреварувањето ќе се соочи со тајландската боксерка Јања Суванапенг, а доколку ја победи и се пласира во финалето, големи се шансите да се сретне со Кинеската Ниен Чин Чен, која беше суспендирана поради вишок на XY хромозоми.
Иако Унгарката Ана Лука Амори пред мечот со Келиф даде контроверзна изјава за својата противничка, која е биолошки машко, таа по мечот ја прегрна и и посака се најдобро во остатокот од натпреварувањето.
- Беше напорен ден за двајцата и борбата беше одлична. Би сакал да и посакам се најдобро на Калиф во иднина и да и се заблагодарам – изјави Амори по поразот.
