Големите инфраструктурни проекти во земјава, вклучувајќи го Коридорот 8, автопатот Скопје–Блаце и патот Тетово–Призрен, се соочуваат со доцнења, технички и правни пречки, како и пролонгирање на роковите.
Градбата на Коридорот 8, особено делницата Требеништа–Ќафасан, е забавена поради заштитените подрачја под УНЕСКО. Проектот се очекува да се заврши до 2029 година, со вкупни трошоци над 1 милијарда евра. За делот Кичево–Охрид, досега се искористени околу 600 милиони евра, а функционални се 20 километри од трасата.
Автопатот Скопје–Блаце сè уште не е пуштен во целосна употреба, иако завршени се првите 2 километри. Причината е непотполните експропријации и бирократски процедури, а градежните активности на останатите делници се планирани да започнат во пролет 2026 година.
Проектот пат Тетово–Призрен, со вредност од над 33 милиони евра и должина од 20,3 километри, е на чекор на реализација, но сè уште чека административни одобрувања од министерствата на Северна Македонија и Косово. Општината Тетово веќе распиша тендер за кружен тек што ќе го поврзе селото Шипковица со тунелот на трасата.
Заменичката министерка за транспорт, Калтрина Зеколи-Шакири, истакна дека проектите се во процес на подготовка и планирање, но дека бирократските и административните пречки го одложуваат нивното ставање во употреба, и покрај веќе реализираните тендери и делумни изградби.
