Противењата за Коридорот 8 и Уставните измени, според лидерот на ДПА, Мендух Тачи, имаат една заедничка точка – Антиалбанизмот. Вели дека е зачуден со реакциите и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои според Тачи се про-српски, а додава дека партијата на Мицкоски не успева да го камуфлира антиалбанизмот.
Доколку опозициската партија продолжува со ваквата тврдоглавост, тоа негативно ќе се изрази на избори, смета Тачи.
Партијата на Мицкоски ќе јаде голем ќотек од меѓународната заедница со што македонските граѓани ќе ја сфатат пораката дека доколку тие победат на избори, граѓаните ќе изгубат, истакна Тачи во Клик Плус.
„Дали ова има позадина, и Коридорот 8 и Уставните измени имаат една име? Антиалбанизам, го кажувам тоа директно. Сè сум очекувал но дека ВМРО ќе се бави со анти-албански и анти-бугарски политики, а со про-српски политики, како да не етикетирам кога фактите сами зборуваат. Кои се елементите во Балкан кои моментално претставуваат пречка во ЕУ: Србија, Вучиќ и ВМРО“, вели Мендух Тачи.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, ја коментираше изјавата на Тачи, кој го нарече сателит на Груби. Додаде дека криминалот го меша со антиалбанизмот.
Тачи смета дека ВМРО-ДПМНЕ со ваквите политики ги изгуби и албанските партнери бидејќи, според него, сите албански партии се за интеграција во ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ соработува со противниците на Унијата.
