Коронавирус: Како да се подготвиме за пандемија?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Причина за паника поради пандемија за коронавирус (Ковид-19) нема. Сепак, претстојниот период треба да биде значајно искористен – во случај да се случи, пишува Дојче Веле.

Новиот корона-вирус е е глобален предизвик, за кој е потребна индивидуална одговорност.

Поединечно, деловните субјекти, институции и организации можат да прибегнат кон мерки за подобро да се заштитат од вирусот и да бидат подготвени за пандемија, пренесува ДВ.

Подготовките за пандемија се концентрирани во три области:

  • Целта е да се заразат што е можно помалку луѓе
  • Приватните домаќинства треба да ги имаат сите потребни животни услови подготвени за итни случаи
  • Големите нарушувања и ограничувања на општеството треба да се минимизираат или спречат.

Кои специфични мерки не штитат нас и другите од инфекција?

  • Одржувајте доволно растојание од заболените (еден до два метра)
  • Измијте ги рацете редовно и темелно (со сапун најмалку дваесет секунди, до зглобот)
  • Избегнувајте ракување и прегратки
  • Развијте рефлекс за самозаштита: на пример, не притискајте ги копчињата во лифтот со прстите, туку со надворешната страна од тупаницата
  • Избегнувајте преполни места и јавни собири; утврдете ги вашите приоритети
  • Помалку допирајте го лицето или лицата на пријателите и семејството
  • Особено е важно да не се допираат мукозните мембрани на устата, очите и носот
  • Доколку е потребно, облечете ракавици, перете ги или менувајте ги секојдневно
  • Не кивате во раце, туку во внатрешноста на лактот
  • Веднаш фрлете ги користените марамчиња по употреба
  • Заштитните маски обезбедуваат слаба заштита кај здравите лица. Со дишењето, маските стануваат влажни и по дваесет минути и заштитната бариера го губи својот ефект. Затоа, само медицинскиот персонал треба да ги користи маските.

Дали е ова доволно за да се сруши синџирот на инфекција?

Вирусот на корона се пренесува постепено. Вирусот се размножува во грлото. Оттаму, патогенот може полесно да се исфрли отколку од белите дробови – со кивање, кашлање или дување на носот. На овој начин, САРС-КоВ-2 може да достигне површини, од каде што може повторно да стигне до мукозните мембрани и да ги зарази другите.

Како да се подготвиме за пандемија?

  • Во случај на големо ширење на зараза, веројатно ќе има големи ограничувања и проблеми со снабдувањето. Подгответе се што е потребно ако сте принудени да останете дома неколку недели.
  • Ако земате лекови за кои е потребна рецепт, проверете дали имате доволно за целиот месец
  • Набавете доволно храна која не се расипува брзо
  • Размислете на време како да ги заштитите вашите пријатели и роднини. Помошта нека биде упатена кон постарите и болните луѓе со ослабен имунолошки систем.
  • Направете план како да се грижите за болните членови на семејството без да се заразите

Како можеме да и помогнеме на заедницата?

Колку повеќе луѓе се потрудат околу подготовките, толку е посилно чувството за заедница. Помогнете да организирате взаемна помош!

По успешно заздравување од болеста, стануваме имуни на патогенот. Во овој случај, можеме да го напушти домот и да се регистрираме како волонтер и да им помогнеме на другите луѓе околу снабдувањето со храна.

Што можат да направат работодавците?

  • Може да размислат за работа од дома или од далечина; особено, болните или загрозените соработници треба да можат да работат од дома ако е можно
  • Соработниците со акутни симптоми на заболување на дишните патишта (како кашлање или останување без здив) или оние кои се разболуваат во текот на денот, треба веднаш да бидат одделени од другите вработени и да бидат испратени дома.
  • Компаниите треба да се грижат за свеж воздух на работните места – ова вклучува замена на филтрите на системите за вентилација.
  • Исто така, треба да се обезбедат производи за хигиена на рацете – сапун, марамчиња, но исто така редовно да се бришат тастатурите со спреј за чистење компјутер.
  • Да се обезбеди редовно чистење на површините во компанијата и околината.
  • Вработените кои се чувствуваат добро, но имаат член на семејство заразено со коронавирус дома, треба да го известат својот претпоставен.
  • Директорите треба да идентификуваат кои работни места се особено важни во работниот процес и да обезбедат замена за нив навреме. Во овој случај, отсуството на едно лице да не го загрозува функционирањето на целиот колектив.

Што е со службени патувања и другите патувања?

  • Работодавачот и вработениот треба да ги проучат најновите упатства и препораки за секоја дестинација
  • Фирмите треба да ги советуваат своите вработени најпрво да направат преглед за да утврдат дали имаат симптоми на акутна респираторна болест. Ако е така, важно е да останете дома.
  • Секој што ќе се разболи на патот, треба веднаш да го извести својот надреден шеф.