Коронавирус во македонскиот ракомет: Заразени 16 ракометари, цел тим во изолација, првенството прекинато

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мицкоски на средба со Орбан и други политичари од регионот и Европа – ќе лобира за ЕУ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и партискиот потрпетседател Николовски во следните неколку дена ќе остварат дипломатски посети и средби...

Регистрирани 190 нови случаи на Ковид 19 – починати се 6 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи...

Бројот на жртвите од земјотресот во Индонезија се искачи на 82

Индонезиските спасувачи извлекоа повеќе тела од урнатините на куќите и зградите уништени од силниот земјотрес денес, а бројот на...

Руски брод потона кај Турција: Двајца загинаа, 5 спасени морнари! (ВИДЕО)

Најмалку пет лица беа спасени, а две загинаа откако 13-член руски товарен брод потона денес покрај брегот на турската...

Хорор во Карпош: Ја заклучувал малолетната ќерка – МВР упадна во станот

На 15.01.2021 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош, по претходно добиени сознанија и со наредба од истражен...

Коронавирус во ракометниот клуб Голден Арт КЛ7. Дури 16 ракометари имале позитивни тестови после натпревар одигран во Радовиш, со што целата екипа е ставена во изолација.

„Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ја информира целокупната спортска јавноста и надлежните институции дека по натпреварот од второто коло на македонската Суперлига во ракомет, кој се одигра во Радовиш против истоимениот тим, кај дел играчите се појавија симптоми карактеристични за вирусот Ковид19 (покачена температура, губење на вкус и мирис), па поради тоа клубот како институција која е максимално одговорна спрема своите играчи и вработени веднаш изврши Ковид тестирање во Клиника Жан Митрев (преку брис од нос и грло) на комплетниот играчки кадар, стручниот штаб и комплетната логистика на клубот, по кое се откриени 16 Ковид-19 позитивни резултати.

Според прописите за третман на лица кои се Ковид19 позитивни и лицата кои имале контакт со нив, комплетниот играчки кадар ќе биде ставен во изолација во следните 15 денови.“, се вели во соопштението.

Се огласија и од ракометната федерација на Македонија, од каде истакнаа дека првенството во Првата лига Група „А“, каде што се натпреварува Голден Арт КЛ7, е ставено во мирување на 15 дена.

#ГолденАрт_КЛ7 како институција која е максимално одговорна спрема своите играчи и вработени изврши тестирање од вирусот…

Posted by RK Golden Art KL7 on Thursday, September 17, 2020