Коронавирусот го одложи референдумот во Италија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Италијанската влада ќе го одложи референдумот околу донесувањето на законот за намалување на бројот на пратеници кој требаше да се одржи на 29 март.

И натаму не е одлучено на кој датум ќе биде референдумот.

Од сите европски земји, токму Италија и нејзиниот северен дел се најпогодени од коронавирусот со вкупно 107 смртни случаи, и 3089 заразени во последните две недели.

Со овој референдум требаше да се намали бројот на пратеници од 630 на 400.