Коронавирусот кој е присутен во се поголем број држави во Европа, попладнево е потврден и во Чешка, каде што министерството за здравство објави за тројца заразени, кои биле во Италија.
Инаку вирусот затвори неколку важни случувања, како што се Саемот за автомобили во Женева, саемот за туризам во Берлин, саемот за мебел во Милано…
Франција се реши да го затвори музејот „Лувр“ за посетители поради коронавирусот.
