Утрово најстудено на Попова Шапка каде се измерени -5 степени.
Минусни температури односно -1 степен има и во Маврови Анови.
0 степени во Kрушево, Берово, Скопје-Петровец, 1 во Тетово, Претор, Штип, Лазарополе, Демир Капија, 2 во Битола, Струмица, Крива Паланка, 3 во Кавадарци, Куманово, Охрид, Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, 4 во Велес, Виница, 6 во Гевгелија, Куманово.
Променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
