Коронавирусот ја намали загаденоста во Кина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сателитски снимки од НАСА покажуваат дека воздухот во Кина е исчистен откако активноста на фабриките, компаниите и сите жители драстично се намалил поради коронавирусот, објави НАСА.

Снимките направени од НАСА покажуваат дека загадувањето е помало во овој период од годината, за разлика од лани.

Намалувањето се поклопува со рекордното намалување на активноста на фабриките во Кина, поради тоа што компаниите ги намалиле капацитетите за да спречат ширење на вирусот.

Намалувањето најпрво е забележано во Вухан, жариште на вирусот.