Коронавирусот ќе ги затвори сите училишта и универзитети во Италија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Италија најави затворање на сите училишта и универзитети во обид да го спречи ширењето на новиот коронавирус, откако бројот на починати од таа болест се искачи на 79.

Италијанската Влада нареди училниците низ целата земја да се затворат до средината на март, јави новинската агенција АНСА.

Училиштата и универзитетите во најтешко погодените региони во северна Италија, каде неколку градови се ставени во карантин, затворени се уште пред 10 дена. Но оттогаш заразата се прошири речиси низ цел Италија, при што инфицирани се повеќе од 2.500 луѓе.