Уште еден инцидент во Скопје при изградба на станбена зграда. Во Општина Центар во близина на Католичката црква, денеска се појави свлечиште при изградба на објект.
Според информациите што ги објавија граѓани на активистичката ФБ група „Во одбрана на Буњаковец“, од свлечиштето била оштетена улицата, а исто така оштетен е еден автомобил, како и неколку кабли и бандери.
Полицијата излезе на терен да изврши увид, а според информациите, свлечиштето се појавило во миговите кога се изведувале градежни работи.
Видео/извор: ФБ група „Во одбрана на Буњаковец“
