Коронавирусот „влегол“ во камп на Монт Еверест на висина од 5350 метри, а болница нема…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Коронавирусот се појавила во базен камп од каде што тргнуваат експедициите за искачување на Монт Еверест, на висина од 5350 надморска височина.

„Прво веста се пренесе од еден од друг, а потоа агенцијата со која одам на Еверест, одржа состанок. Пораката беше јасна, дека мораме да внимаваме на себе и на другите. Кажано ни е дека седум лица се заразени и сите се веќе префрлени на друго место. Од тогаш секогаш ни мерат температура после доручек. Ако некој има само малку повисока, веднаш оди во изолација“, вели Марио Целиниќ, пренесува „Јутарњи“.

Поради новонастанатата ситуација, сите тимови веќе одат во помали групи од 5-6 лица.

На истата база има и такви кои не им е намера да се искаќат на Монт Еверест, туку на други врвови.

Целиниќ вели дека се прават сите напори за заштита.

„Често се прави дезинфекција. Маските ги носиме цело време, освен кога јадеме. Секој е во свој шатор“.

Непал речиси цела година е затворен, па има се помалку туристи кои сакаат да го посетат Монт Еверест. Таму може да се влезе само со негативен ПЦР тест и карантин од 7 дена по влегувањето во земјата.

Целиниќ кажа дека Непал е полн со корона, а на Хималаите каде што нема болници, воздухот е редок ионака е тежок за дишење. Но за среќа никој не прави паника, и дека е договорено да се почитуваат мерките, вели тој.