КОРОНАВИРУСОТ СЕ ШИРИ: Во последните 24 часа, скоро 38 илјади новозаразени лица во Италија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Инфекцијата со Ковид-19 се шири во Италија, скоро 38 илјади новозаразени во последните 24 часа, 446 починаа, а процентот на заразени во однос на бројот на тестирани е многу висок, 16,4, пишува агенцијата Анса.

Од почетокот на пандемијата на коронавирусо, вкупно 862.682 лица биле заразени во Италија , а повеќе од 40.000 починале.

Од синоќа на сила се нови, построги владини мерки на ограничувања, вклучително и полициски час на целата територија, што значи дека сè ќе се затвори во 22 часот, а оние што се движат надвор од куќите, мора да имаат писмено образложение за напуштањето.

Според сериозноста на епидемиолошката состојба, италијанските региони се поделени во зони, во црвената зона се оние каде состојбата е најтешка.

Во изминатите неколку дена протестираа регионите кои владата ги класифицираше како најризични, но вчера беа објавени податоците врз основа на кои е донесена мерката, со што се потврдува основањето на одлуката.

Најтешката состојба сè уште е во северниот регион Ломбардија, каде за еден ден бројот на заразени се зголеми за 4396 нови случаи, а во градот Млан, центарот на регионот, 1763 новозаболени.

Покрај рестриктивните мерки, Владата донесе и одлука за итна помош на компании и семејства, во „црвените зони“ кои ќе бидат најмногу погодени од новиот регионален карантин.