Коронавирусот затвори се во Скопје – работат само маркетите и аптеките

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Центарот на Скопје беше речиси празен. Кафулињата затворени. Некои го искористија денот за чистење или репарирање на објектите.

„Може да работат само рестораните кои прават онлајн нарачки по телефон и кои доставуваат храна до потрошувачите, или рестораните за брза храна каде граѓаните можат да купат храна но да не се задржуваат во просториите на објектот“.

Затворени беа и обложувалниците и казината кои ги посетивме.

„Затворени треба да бидат и трговските центри, дуќаните во нив, но е и супермаркетите и аптеките кои се наоѓаат во трговските центри“.

Пекарите и маркетите се отворени. За да не се прави голема гужва, во некои маркети на влезот се чекаше во ред.

Последниве денови на социјалните мрежи се известуваше за покачување на цените низ маркетите. Граѓаните не сакаа да зборуваат за ова ниту за преземените мерки.

Хрватска донесе одлука за замрзнување на цените на основните производи. Дали ќе преземе и нашата земја таква мерка? ТВ21 комуницираше со Управата на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски кој ни рече дека веќе испратиле до владата предлог за замрзнување на цените со цел спречување на злоупотреба од страна на продавниците и супермаркетите. За оваа мерка да стапи на сила истата треба да ја усвои Владата.