Кос: Не се работи колку земјите од Западен Балкан чекаат за членство во ЕУ, туку колку можат да исполнат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Проширувањето на Европската унија е процес кој се заснова на заслуги, а не на временска рамка, изјави денеска европската комесарка за проширување Марта Кос во дискусијата „Проширување поради напредок: Дали Европа ќе расте?“ на Светскиот економски форум во Давос.

„Знаете, понекогаш слушам дека земјите од Западен Балкан чекаат толку долго. Не се работи за тоа колку долго чекаат. Прашање е на нивната политичка волја и колку можат да исполнат“, посочи Кос.

Според неа, Европската унија внимателно следи што се случува во земјите кандидати за членство, а тие најмногу се обврзани да исполнат одредени услови, според принципот „земи или остави“.