Кошарка, квалификации за ЕП: Македонија во финишот поразена од Италија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кошаркаската репрезенација на Македонија го запиша и третиот пораз во третиот натпревар во квалификациите за ЕП. На меч одигран во Перм, македонските кошаркари во текот на целиот меч имаа водство, но во последната четвртина Италија погоди неколку шутеви за тројка, се одлепи, и на крајот победи со 92:84.

Италија имаше водство во првата четвртина, а потоа Македонија со блескава партија во втората, го сврте резултатот и на полувреме замина со предност.

Во третата четвртина нашата селекција ја задржа предноста, но во последниот дел Италијанците беа подобри и тука го добија натпреварот.

Ненад Димитријевиќ од Македонија со 24 поени беше најефикасен на натпреварот.