Кошаркарите ја победија Естонија, но недоволно за Европско првенство

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонската кошаркарска репрезентација нема да игра на Европското првенство 2022 година, и покрај победата над Естонија во последното коло во квалификациите, кое се одигра во Перм, Русија.

Македонија ја совлада Естонија со 86:84, а требаше да триумфира со девет или повеќе разлика, за да се пласира на Евро собирот.

Кошаркарите во последниот меч потфрлија, особено во одбраната, а во многу параметри потрфрлија во првиот дел. И покрај добрата игра во вториот дел, сепак, беше недоволно да се победи со посакуваната разлика. Македонија до победата стигна во финишот, откако речиси во целиот меч имаше негатива.

Најефикасен на натпреварот беше Ненад Димитријевиќ со 23 поени.