Кошаркарот Кевин Дурант позитивен на тестот за коронавирус

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кошаркарот на Бруклин Нетс, Кевин Дурант е позитивен на коронавирус.

Американските медиуми пренесуваат дека Дурант е еден од четворицата заразени играчи на Нетс.

Клубот не соопшти кој се останатите заразени, но тој се огласи за Атлетик.

„Бидете внимателни, пазете се и останете во карантин. Ќе го поминеме сето ова, порача Дурант.

НБА лигата беше суспендирана поради коронавирусот до понатамошно известување. Првиот заразен беше францускиот центар Руди Гоберт, соиграч на Бојан Богдановиќ во Јута џез.

Покрај Гоберт, Дурант и тројца играчи на Нетс досега непознати, заразени се и неговите соиграчи Донован Мичел и играчот на Детроит Пистонс Кристијан Вуд.