Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денес изјави дека Европската Унија ќе продолжи да ги поддржува напорите насочени кон постигнување праведен и траен мир во Украина, но дека Русија прво мора да го запре насилството.
„Украина беше и ќе остане високо на агендата на лидерите во наредните недели и месеци, додека ние продолжуваме да ги поддржуваме напорите за постигнување праведен и одржлив мир. Како прв чекор, Русија мора веднаш да го запре насилството“, рече Кошта во објава на социјалната мрежа X.
Како што изјави, ЕУ цврсто го поддржува украинскиот народ и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
