Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта денеска од Тирана пред почетокот на Самитот на Европската политичка заедница, рече дека Албанија би можела да стане членка во следните неколку години, дури и пред 2030 година.
„Ако Албанија продолжи да испорачува со иста стапка, можно е да биде дел од ЕУ до 2030 година. Се ќе зависи дали ќе продолжи или не по истиот пат“, рече Кошта на заедничката прес-конференција со Еди Рама во Тирана.
Кошта вчера беше во Македонија, а претходно ги посети и Србија и Црна Гора.
Албанија е официјален кандидат за влез во ЕУ од 2014 година, а преговорите се од 2022 година. Земјата е дел од НАТО Алијансата од 2009 година.
