Космички јајца со посебен дезен како небо полно со ѕвезди и специфична боја која не може да се купи – тајната е во природното фарбање на јајцата со чај од хибискус.
Ова е исклучително брз и лесен начин за украсување јајца, а вие добивате необична, оригинална и интензивна боја, толку волшебна што вашата велигденска корпа и трпеза ќе блеснат.
Постојат различни начини за бојадисување на јајцата на природен начин.
На пример, виолетова боја се добива со готвење виолетова зелка, добро познатиот кромид дава кафено-бордо нијанса, додека куркумата е ненадмината кога се работи за пастелно жолта боја.
Важно е да се користат бели јајца на природен начин на бојадисување, со цел бојата подобро да се прими.
За да обоите јајца со хибискус, потребни ви се:
- 10 бели јајца
- 80 гр чај од хибискус
- 1 лажица сол
- 800 ml вода (400 ml во секој сад)
- масло
- црвена гел боја на јајце (опционално)
Подготовка:
Во тенџере ставете јајца и сол, па на класичен начин сварете ги јајцата. Поделете го хибискусот во два сада, по 40 гр, а потоа истурете 400 мл вода и 50 мл алкохолен оцет. Се остава да отстои неколку минути, па се додаваат по 5 јајца.
Оставете ги јајцата да отстојат во боја најмалку 3 часа, полека извадете ги со лажица и наредете ги на салфетка, ќе добиете интензивна боја и дезен кој потсетува на ефектот на мермер.
Оставете ги јајцата целосно да се исушат, па ако сакате, можете дополнително да ги разубавите со додавање на гел боја.
Во топла вода ставете кесичка гел боја да се загрее, а потоа истурете неколку капки на ракавицата, а потоа истријте ја бојата на јајцето.
Двете бои совршено ќе се спојат и ќе добиете прекрасен дезен кој можеме да го наречеме „космички“ јајца. Кога јајцата целосно ќе се исушат, премачкајте ги со масло да блеснат.
ПРОЧИТАЈТЕ И:
- ВИДЕО: Уникатни велигденски јајца – со ниту една купена боја нема да добиете толку убава нијанса!
- Потребна ви е само мрежичка од компири: Ова се најубавите јајца за Велигден – потполно природни!
- ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА БОЕЊЕ ЈАЈЦА! Најубавите нијанси и дезени се „добиваат“ на целоснo бела лушпа
- Единствен начин да добиете интензивна жолта боја на велигденските јајца – 2 лажици од овој зачин измешајте со вода!Резултатот е неверојатен!
- Кликер техника за боење велигденски јајца: Ќе се воодушевите! (ВИДЕО)
- Боење велигденски јајца со салфетки: Ќе ги добиете најубавите мермерни шари (ВИДЕО)
- Еве како да ги избелите велигденските јајца: Техника која не ја разредува лушпата! (ВИДЕО)
- Вратете се на традицијата и шарајте ги јајцата во кромид: Стара метода за украсување за преубава и природна боја
- Зелени велигденски јајца: Еве како на природен начин да добиете интензивна боја
- Еве како да добиете интензивна црвена боја на јајцата: Метода која дава најдобри резултати
