Сите возила кои денеска тргнаа кон граничниот премин „Блаце“ беа вратени назад, бидејќи Косово ги затвори сите гранични премини со Северна Македонија.
Поминуваат само лицата со косовско државјанство.
Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, ги повика нашите државјани кои се надвор од границите и во земјите со висок ризик, да останат таму во самоизолација, со цел да се спречи пренесувањето на коронавирусот.
Доколку доаѓаат од високоризични земји, нашите граѓани можат да остварат влез само на ГП Табановце, Деве Баир, Богородица, Кафасан и на аеродромите во Скопје и Охрид.
Техничкиот премиер, Спасовски, рече дека Владата носи одлуки на дневна основа и согласно тоа ќе се донесе одлука за затворање на границите со други земји.
