Зголемени сили на КФОР и косовската полиција беа забележени во северот на Косово, по вчерашниот напад кај каналот Ибар Лепенац.
Веднаш настанот беше оценет како терористички чин, тимовите на надлежните институции на Косово ги санираа најголемиот дел од штетите на каналот.
И околните куќи беа оштетени од овој напад.
Премиерот Албин Курти одблиску ја видоа штетата предизвикана од експлозијата.
Премиерот Курти рече дека Србија стои зад овој терористички и криминален напад, а откри дека веќе има уапсени за овој напад.
-Овие напади ги извршија професионалци. Го видов тоа на местото на настанот, нема шанси тоа да го направат еден или двајца поединци, нема шанси обичните граѓани да го направат тоа, тоа го направи организација која е професионална за вакви терористички акции, додека способност, капацитет, интерес за такво нешто има само Србија, изјави премиерот на Косово, Албин Курти.
Во меѓувреме, претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Белград нема никаква врска со експлозијата.
Премиерот Курти, пак, побара од меѓународниот фактор да го казни Белград.
-Бараме меѓународните фактори, особено Брисел и Вашингтон, да го казнат Белград и да побараат одговорност кон нив. Не случајно претседателот на Србија молчи, не случајно чекаат да видат колкава е штетата, колку не дестабилизираа за да видат какви други епизоди можат да приредат, вели премиерот на Косово, Албин Курти.
Синоќешната експлозија во селото Вараге во општина Зубин Поток, во северниот дел на Косово, го оштети водоводниот канал Ибар-Лепенац, од кој се снабдува и Енергетска корпорација за ладење на термоцентралите и производство на струја, оставајќи без струја некои делови од државата како и без водоснабдување.