Косово: Починаа 13 лица, нови 637 случаи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во изминатите 24 часа беа тестирани 1.712 примероци на Косово, од кои за 637 е потврдено дека имаат коронавирус, а 13 пациенти починале како резултат на инфекцијата, објави Институтот за јавно здравје во Приштина.

104 пациенти биле излекувани, а бројот на активни случаи е 7.798.

Во Косово, вкупниот број на позитивни случаи од почетокот на пандемијата е 24.792, од 108.482 тестирани.

Од почетокот на пандемијата излечени се 16.226 пациенти, а 768 лица ја загубија битката со вирусот.