Косовската амбасада со благодарница за Малиќи – Дедај: Не беше само бизнисмен, туку и хуманист

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во пресрет на одбележувањето на Денот на независноста на Косово, амбасадорот на Косово во Северна Македонија, Ѓерѓ Дедај, додели пост-мортум благодарница за починатиот бизнисмен, по потекло од Косово, кој живееше и работеше во Скопје, Енвер Малиќи. Дедај ја пофали работата на покојниот Малиќи, притоа потсетувајќи се на првата средба со него.

„Штом дојдов во Скопје, првото лице кое го сретнав првиот ден од преземањето на функцијата беше починатиот Енвер Малиќи и добив многу добар впечаток за Скопје. Енвер беше лик, а неговата смрт не го погоди само семејството Малиќи, туку и сите пријатели кои го познавале од блиску“, истакна Ѓерѓ Дедај.

Дедај извести дека Амбасадата на Косово не организирала никаква манифестација по повод Ден на независноста, и дека овој важен датум за косовската држава избрале да го обележат со ова благодарница.

Албан Малиќи, синот на бизнисменот кој ја прими благодарницата, изрази голема благодарност.

„Без разлика на тоа дека татко ми не е присутен физички, јас знам дека од сите благодарници кои ги добил додека беше жив, било тоа за хуманизам или бизнис, јас сум убеден дека ова благодарница ќе заземеше приоритетно место пред сите други бидејќи тој бил 100% косовар, со татко од Ѓаковица и мајка од Гњилане. Ние живееме тука, но срцето секогаш му беше во Косово“, вели Албан Малиќи.

Косовската амбасада пост-мортум благодарницата му ја врачи на Албан за да изрази благодарност за придонесот на Енвер Малиќи во текот на неговиот живот како бизнисмен и хуманист. Енвер Малиќи почина на 30 ноември 2020 по здравствените проблеми предизвикани од Ковид 19.