Косовската претседателка инаугурира улица во Чаир – занаетчиите од Скопска чаршија ја пречекаа Османи со подароци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателката на Косово, Вјоса Османи и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, заедно со ќерката на екс претседателот Ибрахим Ругова, ја поставија таблата на улицата која од денеска го носи името на овој претседател.

„Во една од најстарите населби во близина на Скопското Кале денеска го персонифицираме историскиот претседател на Република Косово, доктор Ибрахим Ругова  чие име ќе го носи една од централните улици во нашата земја“, вели Висар Ганиу.

Неколку збора за улицата Ибрахим Ругова кажа и косовската претседателката Османи.

„Вие навистина ја облагородивте вашата општина бидејќи имињата на улиците се огледало на историјата, културата и нашиот национален идентитет. Улиците како оваа со името на претседателот Ругова даваат чувство на припадност и идентитет“, порача Вјоса Османи Садриу.

Улицата Ибрахим Ругова се наоѓа кај амбасадата на Албанија, односно тоа е поранешната улица Славеј планина во општина Чаир.

„Ибрахим Ругова сега дојде и ќе биде засекогаш во неговото Скопје кое го сакаше од срце“, додаде Висар Ганиу.

Вјоса Османи потоа ја посети Старата чаршија каде се сретна со граѓани и деца, кои таа ги посоветува.

-Учете повеќе, да бидете успешни на училиште.

-Добар ден на сите! Како сте, добри ли сте? Како поминувате?

По пат посети и еден златар од каде не си замина со празни раце.

Претседателката доби подароци од сите занаетчии кои ја пречекаа при посетата.

Од една од златарите доби златен приврзок со знамето на Косово.

„Ова е најголемата чаршија на Балканот. Има околу 750 дуќани“

На крајот се сликаше со децата.

При прошетката низ Скопје положи цвеќе кај споменикот на Ѓерѓ Кастриот Скендербег и Хасан Приштина.