Косовски државјанин баран од Интерпол, уапсен на ГП „Блаце“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 22.11.2020 во 13.40 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, за влез во Република Северна Македонија, по извршените гранични проверки на М.Б.(42) од Р.Косово, било констатирано дека се наоѓа во оперативните евиденции со мерка „апси“, по барање на Интерпол од Германија. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.