Косовскиот премиер Курти ја предводеше Парадата на гордоста во Приштина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Албин Курти, премиерот на Косово се приклучи денеска на Парадата на гордоста која се одржа во Приштина. Во главниот град на Косово беше отворена Недела на гордоста, организирана од косовската ЛГБТИК заедница.

Курти, заедно со уште неколку членови на неговиот кабинет, меѓу кои министерката за правда, Албулена Хаџиут, министерот за здравство, Арбен Витиа и оној за култура, Хајрула Чеку, застана на чело на колоната која доцна попладнево продефилира низ центарот на косовската престолнина.

На денешното финале на Неделата на гордоста, која се одржува под мотото „Сме биле и ќе бидеме“ и ќе се затвори со концерт пред Националната библиотека на Косово, учестуваа и други личности од јавниот живот на Косово, меѓу кои приштинскиот градоначалник, Перпарим Рама, шефицата на пратеничката група на владејачкото Движење самоопределување, Мимоза Кусари-Лила и други.