Пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов на прес конференција во Собранието рече дека имало и претходно пракса во Собранието да се поништи гласање доколку имало реакција од дел од пратениците за тоа.
Тој вели дека постапката и гласањето на законот за Јавно обвинителство е кристално чиста и дека нема нерегуларности.
„Донесениот законот за ЈО, гарантира дека сите предмети на СЈО ќе имаат завршница. За нас е од огромно значење што само шест пратеници се изјаснија против. Недвосмислено покажавме дека сме за правна држава и дека сакаме да ги почитуваме законите во Северна Македонија“, рече на прес конференција пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов.
Додава дека нивната партија се уште го очекува предлогот за технички министер за труд и социјална политика, и вели дека се подготвени да гласаат за пред распуштање на Собранието да биде избран нов технички министер.
