Костадинов со СДСМ за втор мандат во Струмица: „ВМРО-ДПМНЕ знаат дека ќе ги изгубат поголемите центри на локалните избори“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со поддршка на СДСМ Костадин Костадинов ќе бара втор мандат да раководи со општина Струмица.

-Ако причината е ароганција, па ќе се сложите со мене, а верувам и гледачите, ова ВМРО-ДПМНЕ огромен дел, а поарогантно и од најарогантното СДСМ. Па сега може да замислите што ги чека на изборите. Народот гледа, слуша, чувствува. Посебно Струмица. Струмичани се отпорен народ, во струмичани има порив за подобрување на работите и струмичани со сигурност нема да дозволат скршнување од патот на прогресот, изјави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Најави од ДУИ за евентуален бојкот на локалните избори не ги коментира.

-Ако мене ме прашувате за избори јас сум спремен за победа утре да има во Струмица на било какви избори. И на локални и на парламентарни, на било какви, изјави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

За измените на законот за локална самоуправа со кои ќе може да се отповика градоначалник, Костадинов вели дека треба да бидеме внимателни.

-Првата теорија и теза е дека многу веројатно на тој начин ВМРО-ДПМНЕ ќе ги камшикува нивните градоначалници доколку не бидат послушни. Тоа е првата теза. Втората која вреди да се размисли и обработи и треба граѓаните да ја знаат. Многу веројатно ВМРО-ДПМНЕ знаат дека ќе ги изгубат поголемите центри на локалните избори, па бараат начин како после да прават опструкции на градоначалниците од СДСМ кои ќе победат на изборите, изјави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Запрашан за Зоран Заев, во интервјуто Костадинов рече дека имаат редовна пријателска комуникација, без да зборува за последните написи во медиумите дека тој инвестира во градежништво во Дубаи.