Ковачевски: Ако граѓаните се против, рудници нема да има – „СДСМ е лицемерно и работи за ДУИ и за Дестани, тие ја споија концесијата“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Проблемот со концесијата на рудникот Иловица премина во фаза на меѓусебни препукувања меѓу власта и опозицијата, за тоа кој и во кое време ја одобрил и кој е повеќе лицемерен. Премиерот Ковачевски вели дека концесијата е дадена во време на ВМРО-ДПМНЕ кога премиер беше Никола Груевски а Христијан Мицкоски негов советник. Ако граѓаните се против, тогаш рудници нема да има, рече Ковачевски. 

„Концесиите за рудникот Иловица се дадени во 2012 и 2013 година од страна на Влада на ВМРО-ДПМНЕ премиерот Никола Груевски и негов советник Христијан Мицкоски кој што сега е претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Ако граѓаните во општините во струмичкиот регион односно во југоисточниот плански регион Струмица, Ново Село, Василево, Босилово се против отворање на рудници, тогаш рудници нема да има“, вели Димитар Ковачевски.

СДСМ ја имаат целата власт да ја раскине концесијата како што ја споија, вратија од ВМРО-ДПМНЕ.

Исто како што ги споија концесиите за Иловица за потребите на ДУИ и Дестани, можат и да ги раскинат, суштината е тоа што СДС сака да манипулира, од една страна се договара со ДУИ, а од друга го манипулира народот. Владата на СДС гласаше за спојување на концесиите по налог на Бектеши и Али.На прв план во СДС е бизнис интересот на ДУИ и ним блиските, затоа не се раскинати концесиите, ниту пак ќе ги раскинат“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера во Струмица се одржа протест на кој граѓани, активисти и невладини организации одлучно рекоа дека се против отворањето на рудниците Иловица – Штука нарекувајќи ги рудници на смртта. Бараа од институциите веднаш да се спречи неговото отворање.