Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека од СДСМ стигале чудни информации.
Тој вели дека лидерот на партијата Димитар Ковачевски кажал дека некогашната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска ќе биде кандидат за претседател од СДСМ.
„Последната која што ја добив е дека на едно место, пред некој ден кажал дека Радмила Шеќеринска ќе била сега кандидат за претседател. Имајќи предвид дека Шекеринска како претседател на СДСМ го има до сега убедливо најслабиот изборен резултат кој што го имала СДСМ, кој што според мене на следните избори ќе биде многу посакуван од СДСМ, бидејќи тие ќе одат многу подоле од тој резултат“, вели Мицкоски.
Според Мицкоски, тоа што сега им изгледа како слаб резултат, за изборите би бил поезија.
Целата емисија во 21:30 часот на ТВ21.
