Аеродромите и границите се уште се затворени. Ова лето нема да биде со атмосферата со која што сме навикнати. Ситуацијата со пандемијата како што изгледа ќе биде пречка за доаѓањето на печалбарите. ТВ21 контактираше неколку македонски граѓани кои живеат во разни земји на Европа, за да ги прашаме дали ќе дојдат оваа лето во татковината и покрај ситуацијата со Ковид-19. Тие рекоа дека едвај го чекале летото, но не се согласуваат со условите на РСМ, да имаат ПЦР тетст и да бидат 14 денови во изолација.
„Како и да е, постоеше надеж дека ќе се сретнеме со нашите семејства, потоа копнежот кој се собра од кризата на Ковид-19, мислевме дека годинава ќе дојдеме барем во овие лето, јуни и јули. Ова со тест е изолација, никој не е луд да дојде и да седи дома затворен, подобро да седиме тука каде не сме затворени“, истакна Кадри Исмајли.
И Јасмина, која има семејство во Гостивар, се сомнева дали ќе дојде на одмор бидејќи, како што вели, има само 3 недели одмор, а две недели треба да ги помине затворена.
„Не верувам дека ќе одиме во Македонија, треба добро да се информираме бидејќи имам само три недели одмор и не можам 14 дена да ги поминам во карантин. Немам време, за една недела не можам да го видам целото семејство, не ни одговара. Треба добро да се информирам и доколку се укине карантинот ќе можеме да дојдеме и ние, за тестот не е проблем, но карантинот е“, посочи Јасмине Берзати.
И Лирим е разочаран од ситуацијата, бидејќи е навикнат често да доаѓа во Скопје.
„Ние за да дојдеме таму, треба да изгубиме 14 дена, имаме изброени денови, не знам како да го наречам тоа, навистина е несфатливо. Зошто да дојдеме таму? А и вака копнежот е голем, имаме и работа, не знам“, порача Лирим Алија.
Инаку во Северна Македонија може да се влезе само со ПЦР тест кој не е постар од 72 часа, а потоа 14 дена треба да бидете во изолација. Доколку немате тест, треба да одите на државен карантин. Се уште не се знае кога ќе се укинат овие мерки, кога ќе се отвораат границите и аеродромите.
