Ковид-19 се шири и во законодавниот дом – пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ позитивна, власта бара онлајн Собрание

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тројца пратеници се заразени со новиот вирус. Парламентарното мнозинство бара начин како собраниските седници да се одржат од дистанца. Во координацијата на претставниците на политичките партии со претседателот на законодавниот дом, СДСМ и ДУИ предложија пратениците кои се заразени или тие кои се во изолација да можат да учествуваат онлајн.

Тоа не би било измена на собранискиот деловник, туку прецизирање дека пратениците можат да учествуваат и онлајн.

„Се предвидува присуството, но не е дефинирано точно дали треба да биде физичко или онлајн. Ние мислиме да го смениме Деловникот на Собранието, не за да се смени овој член, туку да се прецизира дали присуството ќе биде физичко или онлајн“, посочи Изет Меџити.

Изгледа дека за ова прашање тешко ќе ја добијат поддршката од опозицијата. Пратеникот на ДПМНЕ, Антонио Милошоски, вели дека Уставот бара присуство на пратениците во Собрание, а според Деловникот,  во член 29 стои дека пратеникот има обврска да присуствува на парламентарните седници.

Пратеникот на СДСМ рече дека нема со сила да ја туркаат ова работа, затоа бара консензус за Деловникот. Пратеникот од албанската опозиција, Скендер Реџепи, рече дека не е потребно да се интервенира во Деловникот, бидејќи Собранието има доволно пратеници за да функционира.

„Тоа сериозно претставува злоупотреба на здравствената состојба на пратениците кои моментално можат да бидат и на распиратор, а се очекува да влезат онлајн за да комуницираат. Собранието има 118 други пратеници. Може да функционира и со 80 или 100 пратеници. Воопшто не е проблем функционирањето на Собранието, проблем е усогласувањето на ставовите власт – опозиција“, додаде Скендер Реџепи.

Коалицијата „Сега е време“ ја прекина 15-та пленарна седница, со процедурална забелешка побараа пауза бидејќи ребалансот на буџетот не беше доставен и на албански јазик и поради тоа нема да можат навреме да достават амандмани. Затоа побараа продолжување на рокот за доставување на амандмани.