Кражба на 100 илјади евра, 5 години без епилог – предметот се „влечка“ наваму-натаму, документите исчезнале?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во втората епизода од сторијата за кражбата вредна околу 100 илјади евра извршена во 2017 во Кичево, ТВ21 работеше на обезбедување документи и информации за тоа до каде е овој предмет. По кражбата, предметот е испратен на обработка во ЈО Гостивар а истиот го водел обвинителот Ахмет Ахмети.

„Ахмет Ахмети беше јавен обвинител во Гостивар кој ми велеше дека работи на предметот и дека се е во ред, дека ги знае сите информации и се што знаеше тој ми кажа, јас не зборувам на празно, сите информации ми се од него“, вели Сафер Адили.

По изјавата на оштетениот Сафет Адили, ТВ21 се обиде да го контактира обвинителот Ахмет Ахмети за да ни објасни зошто предметот се уште нема епилог, но не добивме одговор.  Во 2021 по објавувањето на информациите, предметот е вратен во обвинителството во Кичево на обработка. Адили вели дека прв пат го повикале да даде изјава во 2021 а тврди дека предметот е вратен од Гостивар без ниеден документ.

„Предметот беше обработен во Гостивар, целосно, во Гостивар имаше податоци од полицијата, за тоа кои се што се, но кога се врати предметот во Кичево имаше само празна папка, моите документи се скриени“, додава Сафет Адили.

ТВ21: Кој ти кажа дека ги нема внатре документите од предметот?

„Тоа ми го кажа Манка Јанева, јавен обвинител од Кичево дека предметот е вратен но дека таму нема ниеден документ“, вели Сафет Адили.

И во врска со ова ТВ21 побара став од кичевското обвинителство, дали е вистина дека предметот од Гостивар е вратен без документи, без отпечатоци од прстите и без информации за телефонските прислушувања кои ги побарало самото Обвинителство во Гостивар од телекомуникациските компании во Македонија. Но од таму на кратко ни рекоа дека нема да ни дадат такви информации.

„Јавното обвинителство не е во можност да соопштува детали за дејствијата кои се преземаат и доказите кои се обезбедуваат во рамките на предистражната постапка. Како што ви појаснивме и во претходно доставениот одговор, предметот се води против непознат сторител, односно до овој момент не се идентификувани осомничени лица“, посочија од ЈО Кичево.

По ова, на барање на оштетениот Сафет Адили, предметот е испратен до Советот на вишото обвинителство а во април годинава добил известување дека штом ќе го разгледаат предметот, ќе добие писмено известување. Но ТВ21 дознава дека предметот повторно е вратен во Вишото обвинителство во Гостивар на разгледување. ТВ21 се обиде да го контактира обвинителот Ислам Абази но од него не добивме одговор. По објавувањето на веста дознаваме дека предметот повторно е вратен од Вишото обвинителство во Гостивар во Советот на обвинители во Скопје.