Кремљ: Колку помалку се испорачува оружје на Украина, толку е поблиску крајот на војната

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кремљ ја поздрави информацијата дека САД престанале да испорачуваат одредено оружје на Украина. Од таму велат дека колку помалу оружје се испорачува на Украина, толку е поблиску крајот на војната.

„Колку што разбравме, причина за ваквата одлука се празните магацини, односно недостаток на оружје. Во секој случај, колку помалку оружје се испорачува на Украина, толку е поблиску крајот на војната“, изјави портпаролот на Кремљ, Димитри Песков.

САД ги суспендираше испораките на дел од противоздушните ракети и друга муниција поради загриженост на исцрпување на своите залихи.

Висок украински претставник ја нарече одлуката на САД „болна“ во напорите на Киев да се одбрани од руските воздушни напади.