Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека руските власти немаат потврда за наводите дека претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, се заканил дека ќе ги „бомбардира“ Москва и Пекинг во 2024 година, нагласувајќи дека дезинформациите преовладуваат во денешното информативно опкружување.
„Дали тоа е вистина или не – ниту ние не знаеме. Денес има многу лажни информации, честопати повеќе од веродостојни. Секогаш тргнуваме од тоа кога анализираме какви било вести“, рече Песков како одговор на новинарско прашање за автентичноста на тие изјави, пренесе РИА Новости.
Според аудио-снимка објавена од Си-Ен-Ен, Трамп на приватен собир на донатори во 2024 година рекол дека еднаш се обидел да го одврати рускиот претседател Владимир Путин од напад врз Украина, заканувајќи се дека ќе ја „бомбардира Москва“ ако го стори тоа.
„Му реков на Путин: „Ако влезеш во Украина, ќе ја бомбардирам Москва. Немам друг избор“, се слуша како вели Трамп на снимка од митингот на донаторите.
„И потоа Путин рече: „Не ти верувам“. Но, тој ми веруваше 10 проценти“, додаде Трамп.
