Кривичен го прифати предлогот на ОЈО за мерките – девет лица опфатени со постапката за случајот со операција на очи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вкупно девет лица се опфатени со постапката поврзана со операција на очи, по акцијата спроведена во текот на вчерашниот ден.

На сите осомничени им се определени мерки согласно предлозите на Основното јавно обвинителство, односно одземање на патните исправи и задолжително пријавување во суд.

Ова го соопшти Кривичниот суд, по синоќешната акција и разгледувањето на предлозите доставени од Обвинителството.

Инаку, во полициската акција биле приведени неколку лица, меѓу кои поранешни директори на Фондот за здравствено осигурување и службени лица од приватната болница „Санте Плус“.

При претресите на десет локации во три града биле запленети и материјални докази, меѓу кои 50 илјади евра во готово и мобилни телефони.

Од МВР велат дека е разбиена организирана криминална група, чии членови, според сомнежите, им наплаќале на пациентите приватно за операции на очите, иако услугите биле покриени од Фондот.