Кривичен суд ќе одлучува за притвор за Груби и Бајрами, одземени пасошите на другите четворица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Четири лица кои се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување во Државна Лотарија, им биле одземени патните исправи, и одредена им е обврска да се јавуваат во Судот.

Кривичниот суд денеска ќе треба да одлучи дали ќе им оддели притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби и на екс директорот на Државна Лотарија Прпарим Бајрами. Двајцата во моментов се недостапни на органите на прогонот.

„До судија на претходна постапка доставен е предлог за определување мерка притвор против две лица опфатени со истрага истрагата поврзана со ‘Државна лотарија на РСМ’ која мерка започнува да се спроведува од нивно пронаоѓање, за кој предлог судот е во фаза на постапување, а за што во текот на денот јавноста ќе биде дополнително известена“, велат од Кривичен суд.

Сите четири лица на кои им се одземени патните исправи, ноќеска биле сослушени во Судот.