Кривокапиќ: Владата на Црна Гора ги усвои измените во Законот за слобода на вероисповед

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Црногорската Влада денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за слобода на вероисповедта, изјави премиерот Здравко Кривокапиќ.

Кривокапиќ на прес-конференција кажа дека министерот за правда, Владимир Лепосавиќ, утре ќе ги објасни сите детали околу измените на законот, пренесува весникот „Вијести“.

-А ние се обидувавме да ги задоволиме сите страни, рече Кривокапиќ на денешната прес-конференција.