Кризата ќе продолжи и следната година – Битиќи: Ако биде потребно ќе ги замрзнеме цените и по март

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кризата најверојатно ќе продолжи и следната година, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, најавувајќи дека доколку биде потребно ќе ги замрзнат цените на одредени производи и ќе креираат мерки за помош на најранливата категорија граѓани и по март, кога истекуваат актуелните.

Битиќи рече дека тоа што се обиделе да ги намалат импутите кои ги дефинираат цените на одреден проект во прехранбениот и енергетскиот сектор, веќе дава резултати.

Во однос на електричната енергија, Битиќи вели дека успеале да обезбедат и да не дозволат зголемувањата да бидат енормни до ниво на пазарни цени.