Клучката кај Скопје полна со дупки, возачите се жалат: Патарини плаќаме за ништо, патиштата катастрофа!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

-Овој пат не е чепнат, никој не се грижи за овој пат.

Илјадници автомобили и тешки возила секојдневно минуваат низ автопатот Куманово – Скопје, од клучката кај општина Илинден. Овие возила трпат бројни оштетувања од уништениот пат кај овој кружен тек. За да не се оштети нивното амортизирање, тие се движат по крајот на патот.

-Овие автомобили и камиони кои минуваат низ овој пат кој го поврзува главниот пат од Куманово до Илинден е во катастрофална состојба. И овие автомобили и возила завршуваат во таква состојба. Како што можете да видите на снимката зад мене, сите возила се обидуваат да го избегнат овој оштетен дел од патот и се поместуваат малку настрана за што помалку да ги оштетат своите автомобили-вели репортерот на ТВ21, Зекирија Хаџиу.

Возачите се жалат дека залудно плаќаат на патарините, додека возилата ги уништуваат од ударите во дупките.

И што презеле или ќе преземат државните органи во врска со овој дел кај клучката. Директорот на ЈП „Државни патишта“, Ејуп Рустеми во 10 Минути на ТВ21 рече дека поради немање средства не можеле ништо да преземат, но дека во блиска иднина преку заем , ќе ги преземат сите неопходни мерки за негова санација.

-Тоа беа двата проекта што беа предвидени со средствата што ги имаме преку кредит, бидејќи поради недостиг на средства не можевме да ги санираме. Сега со рамковен тендер ќе избереме друга фирма која ќе го санира најоштетениот дел од делот од Куманово кај влезот во Скопје. Се надеваме дека по завршувањето на овие процедури веднаш ќе започнеме со санација на овој дел кој е најоштетен-вели Рустеми.

Рустеми, за моменталната состојба кај клучката, одговорноста ја префрли на другото државно претпријатие „Македонија пат“, за кое вели дека е одговорно за одржување на главните и регионалните патишта.