Во овие 5 месеци, 22 граѓани од Тетово примиле вакцина против беснило.
Полицијата од Тетово вели дека во текот 2023-та, 42 граѓани пријавиле дека се каснати од кучиња скитници.
Тие велат дека прашањето со кучињата скитници станал сериозен проблем, а прстот го вперуваат кон општината барајќи да се преземат мерки.
„Има кучиња колку сакаш!“
Мислиш дека претставуваат опасност?
„Нормално, не можат да поминат децата, граѓаните, нормално дека претставуваат опасност, кучињата се животни, не знаат, опасно е“.
-Никој не ги отстранува, мене не ми се случило, но има многу случаи кога биле нападнати.
-Многу е опасно и мислам дека може да има адекватно решение, но не го прават тоа. Не само сега, туку последните 10 години не прават ништо за тоа. Страшно е кучињата скитници во Тетово да бркаат 5 годишно дете. Мислам дека тоа не е во ред и од власта не се ангажираат воопшто. Имаат само празни зборови. Не, дека треба да направи многу повеќе, но ветил дека ќе направи повеќе. По изборите тие ја заборавија оваа состојба.
-Ако во поранешна Југославија нашле решение, сега не можат да најдат, тоа е голема срамота. Секој ден се зголемува бројот на кучињата во Тетово, ги носат од Скопје и нашите деца навистина се во опасност.
Од општина Тетово пред неколку дена рекоа дека договорот со Амос Пет завршил, затоа веќе никој не ги третира кучињата во градот. Во јавните набавки за ова прашање не е отворен ниту тендер иако општината во предлог буџетот за 2023 предвидела 3 милиони денари за третирање на кучињата скитници.
