Европратеникот и известувачот за Северна Македонија во ЕУ Илхан Ќучук вечерва е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Дебатираме со него и со новинарот Боико Василев.
Ќучук напомена дека Договорот за добрососедство е клучен и дека ја дава основата за идните разговори.
„Европската Унија не би сакала да внесува дополнителни гледни точки во тој разговор, а претпочита да го остави на државите-членки, во тој случај на Бугарија и Северна Македонија да го решат во рамите на своите разговори, а ние имаме можност за тоа, ние имаме можност затоа што потпишавме еден договор, кој според мене ја дава основата за идните разговори, вклучувајќи ја темата заедничка историја, се разбира веројатно претстои да се побараат и различни интерпретации, на што значи заедничка историја, може да се постави прашањето до кога била нашата историјата заедничка, да се побара конкретен датум за тоа, овој разговор може да го оставиме во рацете на историчарите, но политичкиот разговор е дека ние треба да ја вратиме довербата, да ја вратиме довербата значи да го вратиме договорот и неговите услови од 2017 година, само на тој начин може да поставиме цврсти основи за идните разговори и секој еден обид за создавање на реален патоказ, не би успеал доколку не се вратиме кон договорот“, изјави Ќучук.
