Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 дебатираме со европратеникот Илхан Ќучук и со новинарот Боико Василев. Главна тема се преговорите и односите меѓу Бугарија и Македонија, а Ќучук напомена дека има силен дипломатски интензитет во разговорите да се даде зелено светло за Северна Македонија и за Албанија.
„Има многу силен дипломатски интензитет во разговорите кои се водат и тие не се само од страна на Португалија. Се сеќавате канцеларката Меркел колку силно се обиде и политички и дипломатски да ја задвижи таа тема како дел од дневниот ред на Европскиот совет и таа успеа во голема мера, со еден мал исклучок, не успеа тогашниот Совет да даде зелено светло за Република Северна Македонија и Република Албанија.
Од таа гледна точка и интересот на Европската Унија е видлив, тој е поврзан со регионалната сигурност, поврзан со присоединувањето на земјите од Западниот Балкан кон Европската Унија. Тоа одговара на категоричен начин на барањата на Урсула фон дер Лајен Унијата да биде геополитичка и затоа насоките во кои Унијата ја движи политиката се неколку: едно е разговорите, другото е политичкиот и институционалниот пат по кој сака да го зближи регионот и третиот се разбира се економските и финансиски мерки“, рече Ќучук.
